Милан загуби два важни бода во трката за Лигата на шамионите

AC Milan and Cagliari at Giuseppe Meazza stadium in Milan, 16 May 2021. ANSA / MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Милан одиграа без голови притив Калјари во последниот натпревар од неделната програма од 37-то коло од италијанската Серија А, отежнувајќи си ја позицијата во борбата за пласман во Лигата на шампионите.

Милан сега со 76 бодови се израмни со третопласираниот Наполи, а Јувентус е петтопласиран со бод помалку.

Во последното коло Милан ќе игра во Бергамо кај Аталанта која си обезбеди место во Лигата на шампионите, Наполи е домаќин на Верона, а Јувентус ќе гостува кај Болоња. Една од овие три екипи ќе мора да се задоволи со настап во Лига Европа, а се чини дека „Росонерите“ имаат најтешка задача да обезбедат настап во најквалитетното континентално натпреварување.

Беневенто одигра 1:1 дома против Кротоне и така многу ги намали своите шанси за опстанок во Серија А. Секунди го делеа Беневенто од важна домашна победа, откако во 13 минута Лападула го постигна водечкиот погодок. Кротоне во 24 минута остана без исклучениот Големиќ, и се водеше кон победа на домашните. Но во третата минута од судиското продолжение на мечот Сими погоди за израмнување, и на идниот второлигаш Кротоне му донесе безначаен бод, но му украде два важни на Беневенто.

Беневенто пред последниот кол има 32 бода, три помалку од Торино кај кого ќе гостува во последниот натпревар од сезоната. Но Торино веќе во вторник ќе игра заостанат натпревар против Лацио. Од двата меча на Торино му е потребен еден бод за опстанок во Серија А.

Сампдорија славеше на гостувањето кај Удинезе со 1:0, а решавачкиот погодок го постигна Кваљарела во 88 минута од пенал.

Наполи како гостин со 2:0 ја победи Фиорентина. Првиот гол за гостите го постигна Инсиње во 56, кој откако домашниот голман му го одбрани пеналот ја прифати одбиената топка и ја спроведе во мрежата. Во 67 минута Венути постигна автогол за конечниот резултат.

Во понеделник во вечерниот термин од 20.45 часто е последниот дуел од 37-то коло во кој Верона ќе биде домаќин на Болоња.