Запалиле 195 тони слама за да снимат видео за TikTok

Две руски ученички запалите речиси 200 тони слама, предизвикувајќи голема штета, додека се обидувале да снимат видое за TikTok.

Полицијата во раните утрински часови во саботата била алармирана дека оган излегол од контрола откако биле запалени купови слама, на една локална фарма.

Соопштено е дека изгореле околу 195 тони слама во рурална област неделеки од градот Перм, околу 1.200 километри источно од Москва.

Ученичките побегнале откако нивните обиди за гаснење на огнот не успеале. Набрзо ѝ признале на полицијата дека снамале TikTok видое кога се случил инцидентот.

Властите на девојките им рекле дека, освен што предизвикале голема штета, ги ризикувале и своите животи обидувајќи се да го снимат бизарното видео.

Сепак, нивните родители ќе добијат поднесок за „неизвршување на одговорноста за воспитување малолетници“. Покрај тоа, сопственикот на фармата има право судски да бара надомест на штетата којашто се проценува на 150.000 рубљи, или помалку од 2.000 евра.