
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку Фејсбук информира дека денеска во вакциналниот пункт во Куманово се вакцинирал со првата доза од вакцината на „Синофарм”.
„Се чувствувам одлично и се враќам на работните обврски. Ве охрабрувам сите да го сторите истото, доколку сѐ уште не сте регистрирани, пријавете се на веб-страницата www.vakcinacija.mk – само со масовна имунизација ќе постигнеме колективен имунитет, тоа е единствениот ефикасен начин за заштита од коронавирусот“, напиша Спасовски.