На 15.05.2021 околу 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железничка станица Скопје настанал пожар во локомотива која го влечела патничкиот воз, кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.