Комисијата за заразни болести со предлог да останат на сила постоечките рестриктивни мерки

Комисијата за заразни болести на состанокот кој го одржа утринава, донесе предлог да останат на сила веќе постоечките рестриктивни мерки.

Забраната за движење на населението е од полноќ до 4 часот наутро, а угостителските објекти работат до 23.30 часот.

Предлогот за олабавување на мерките, беше донесен минатиот понеделник врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети.