Скопјанец баран со потерница приведен во Струмица

Педесетгодишен маж од Скопје претходно осуден за измама, по кого се трагало изминатиот период, во понеделникот вечерта бил приведен во локал во Струмица, информираше во вторникот Министеството за внатешни работи.

Во 20.35 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги, од угостителски објект на булеварто „Климент Охридски” во Струмица, лишен е од слобода З.Д. од Скопје. Тој бил баран по распишана централна потерница и судска наредба на Основен кривичен суд Скопје, осуден на казна затвор за сторено кривично дело „измама“.

З.Д. бил предаден во полициска станица за натамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.