Студија: 96 отсто од Британците развиле антитела по првата доза од вакцината

Над 96 проценти од Британците развиле антитела на коронавирусот откако ја примиле првата доза со вакцините на „AstraZeneca“ или на „Pfizer/BioNTech“, а кај речиси 100 отсто од вакцинираните се развиле по втората доза, покажало истражувањето спроведено на 8.517 лица во Англија и Велс.

Истражувањето на научниците од лондонскиот UCL (University College London), покажало дека кај 96,42 вакцинирани антителата ги развиле 28 до 34 дена по првата доза, а процентот се зголемил на 99,08 отсто во рок од 7 до 14 дена по втората доза, пишува The Guardian.

„Двете цени биле исто добри во поттикнување на развојот на антителата неопходно за сузбивање на Covid-19. Ова е едно од првите истражувања на вакцините против коронавирусот во стварниот свет во Велика Британија и тоа е прекрасна вест. Ова е голем научен подвиг во борбата со најтешката пандемија во последните стотина години“, вели др. Меди Шротри, главна авторка на студијата, додавајќи дека вакцината делува извонредно ефикасно, особено ако се има превид брзината со која се развиени антителата.

Досега во Велика Британија двете дози од вакцините против коронавирусот ги примиле повеќе од 20 милиони луѓе.

Резултатите од студијата се засноваат на анализите на 13.232 примероци на антитела земени од крвта од 8.517 возрасни учесници во истражување. Важно е да се истакне дека ниеден од нив немал антитела пред примањето на првата доза на вакцината, а сите потенцијални учесници во студијата со антителата биле исклучени од неа.

Просечната возраст на учесниците во истражувањето изнесувала 65 година, бидејќи истражувањето спроведено меѓу постарата популација која е првата вакцинирана во Велика Британија. Британската кампања за вакцинирање започна на 8-ми декември 2020 година.

Истражувањето, исто така, покажало дека нивото на антителата во почетокот расте побрзо кај луѓето кои ја примиле вакцината на „Pfizer/BioNTech“ во однос на онаа група којашто била вакцинирана со вакцината на „Oxford/AstraZenecа“, но по четири седмици и едните и другите постигнале речиси исто ниво на антитела.

Научниците утврдиле и дека по првата доза од вакцината нивото на антителата била малку пониска кај постарата возрасна група, но по примањето на втората доза во сите возрасни групации постигнато е воедначено ниво на антителата.

Забележано е, исто така, дека нивото на антителата била пониско кај лицата заболени од малигни болести, како што е ракот, оние кои боледувале од дијабетес и срцеви болести. Но таа разлика исчезнала откако сите учесници во истражувањето ја добиле и втората доза од вкацината, покажало истото истражување.

„Податоците од UCL Virus Watch упатуваат на тоа дека развојот на антителата кај повозрасните лица и оние кои од претходно боледуваат од одредени болести малку послаби по првата доза од вакцината, но дека е извонредно силен по втората доза. Тое правовремен потсетник на важноста на втората доза од вакцината, а истовремено е и охрабрувачки податок бидејќи вакцините се нашиот излез од оваа пандемија“, вели проф Роб Олдриџ, водител на студијата на UCL Virus Watch.

Коавторите на студијата, коај минала низ стручна рецензија пред да биде објавена во повеќе медицински списанија, велат дека нивните наоди укажуваат на тоа дека сите мора да се вакцинираат со двете дози од вакцините за да се сметаат „безбедни“, сообено кога станува збор за постарите лица и лицата со постојни здравствени проблеми.