САД создале тајна армија од 60.000 луѓе, дознава Newsweek

Во текот на изминатите десет години Пенгагон создал огромна тајна армија од околу шеесет илјади припадници, до ваков заклучок дошле новинарите на изданието на Newsweek по двегодишно истражување.

Во написот на списанието се наведува дека бројноста на оваа паравоена формација десетпати е повисока од бројот на вработените во тајните припадници на американскта Централна разузнавачка агенција (CIA).

Се додава дека „тајните“ војници дејствуваат и во Соединетите држави и во странство, извршувајќи задачи во воени униформи или затскриени како цивили. Станува збор за правење фалсификувана документација, плаќање сметки и даноци на лица коишто дејствуваат под лажни имиња, како и создавање специјални уреди и опрема за прислушување и надзор и на најоддалечените предели на Блискиот исток и Африка.

Американскиот неделник објави ексклузивен материјал за „овој таен свет… од малку познатите сектори на американската армија”, составен од над 60.000 луѓе.

Истражувањето е плод на двегодишна работа и испитување на повеќе од 600 резимеа и околу илјада огласи за работа, но и интервјуа со вклучени во оваа програма и со лица кои носат одлуки. Медиумот побарал и откривање на документи според Законот за слободен пристап до информација.

Програмата е наречена „намалување на видливоста” (signature reduction). Терминот може да се протолкува и како „намалување на признаците на демаскирање” и може да се користи за „опишување мерки за оперативна безбедност”. Во програмата учествуваат повеќе од 130 приватни компании кои годишно трошат повеќе од 900 милиони долари за да ја сервисираат „тајната армија”.

Припадниците на специјалните сили на американската армија солунуваат повеќе од половината од вкупната моќ на тајните сили. Нивната главна задача е да ги гонат терористите во воените зони и непријателските земји. Според програмата, агенцијата на военото разузнавање на САД ги следи терористите од воените фронтови од Пакистан до Западна Африка, но сѐ почесто работи и во непризнатите жешки точки како Северна Кореја или Иран.

Најновата и најбрзорастечката група во оваа армија се сајбер-воините, кои работат под измислени имиња и на интернет собираат информации и податоци. Исто така, тие може да бидат вклучени и во кампањи за влијание на социјалните мрежи.

Според авторите на ова истражување, оваа тајна формација на Вашингтон не му е потребно не само за борбата против тероризмот, туку и за зголемување на можностите за конкуренција во хрибридната војна со Русија и Кина.

„Од почитувањето на Женевската конвенција, ако војникот кој работел под лажен идентитет е заробен, до надзорот на Конгресот, сѐ е проблематично, наведува изворот. Се укажува дека желбата да се стане што е можно поневидлив за непријателот не само што сокрива што САД работат низ целиот свет, туку и дека го отежнува решавањето на конфликтите.

Разгорената кибернетичка војна на Пентагон придонесе да се појават десетици илјади шпиони, кои работат секојдневно со лажни идентитети на терен или по социјалните межи. Од друга страна, САД веднаш се жалат акo ослични зли операции се правени од руски или кинески шпиони“, пишува Newsweek.

Пензиониран висок офицер на тајната армија, укажал дека никој целосно не е запознат со обемот на програмата. Исто така, изразил мислење дека желбата за неповредливост од непријателот е користена само за САД, сепак, на глобално ниво овој тред го отежнува решавањето на конфликтот.