Во врска со аферата „Мафија“ повеќе од јасно е на целата македонска јавност е дека врвот на пирамидата нема одговорност во овој момент што не значи дека во иднина нема да има одговорност, порача организациониот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски во вечерашното интервју во емисијата „Што не е јасно?“ на телевизија Алфа.
Ѓорѓиевски истакна дека цела јавност знае дека не може обични полициски службеници да фалсификуваат патни исправи, укажувајќи дека казните кои што ги добиле се всушност договор за да молчат кој е главата на октоподот во оваа афера.
– Седат Пекер кој откако беше протеран од Република Македонија, прво не беше протеран во земјата која што има распишано меѓународна потерница, беше протеран во Косово, после неколку дена се врати во Драчево во полициската станица за да се слика. Значи луѓево односно службениците за кои што има смешни казни претпоставувам тоа е договорот со оние кои што ја организираа целата оваа операција, да имаат некои смешни казни за да може за година дена да има прекин на казните, всушност е причина за повторно да остане недопрена главата на октоподот и врвот. Целата јавност е свесна и знае дека неколку службеници во МВР не може тоа да го сторат – вели тој.
Ѓорѓиевски нагласи дека целата судска постапка која што се водела против службениците во МВР е симптоматична бидејќи како што рече наместо да се теретат за фалсификување на патни исправи злосторничко здружување, тие се теретеле само за злоупотреба на службената положба и овластување и поради тоа добиле смешни казни.
– Индикативно во овој случај е што службениците се теретат за член 353 злоупотреба на службена должност, во целата оваа постапка не се споменува фалсификување на патни исправи што е тешко кривично дело, дополнително не се споменува злосторничко здружување – кажа Ѓорѓиевски.
Како што рече Ѓорѓиевски, не само со случајот Мафија, туку истото било и со случајот Рекет каде што не се дозна каде завршиле парите кои Јовановски ги изрекетирал, посочувајќи дека без заштита тој тоа не можел да го прави.
– Исто беше и со случајот Рекет, ниту дознавме каде завршиле парите, и да не се лажеме, да бидеме искрени Бојан Јовановски не може туку така да му текне, без притоа да нема заштита, и без некој да смислил добар план да може да отиде и некој да го изрекетира. Знаеме што беше целата позадина и знаеме дека на крајот на денот врвот на пирамидата или главата на октоподот води директно кон Зоран Заев – заклучи Ѓорѓиевски.