
Најновата верзија на „Basic Instinct“ носи нови бонус снимки на Мајкл Даглас и Шерон Стоун, а актерката се пожали дека не може да го запре објавувањето на експлицитната верзија.
Актерката Шерон Стоун се пожали дека не може да го запре издавањето на „ХХХ верзијата“ на култниот филм „Basic Instinct“. Иако беше ѕвезда на филмот, таа нема контрола над претстојното рездание на класикот.
„Тие одлучија да издадат режисерска ХХХ верзија за 30-годишнината”, рече 63-годишната актерка во австралиското шоу A Current Affair. Кога водителката Трејси Гримшо ја праша Шерон Стоун, која со години повторуваше како била експлоатирана за време на снимањето на филмот, дали може да го запре излегувањето на новата верзија, таа рече дека не може.
Стоун вели дека тоа би било можно само доколку филмот се снима во денешно време, бидејќи постои Здружение на филмски актери, кое ги штити актерите. „Но, јас го снимив тој филм кога бев млада, па тие правила не се однесуваат на мене“, рече Шерон Стоун, која го сними „Basic Instinct“ кога имаше 34 години.
И покрај несогласувањата со продукцијата на филмот, таа вели дека не жали за ништо. Дури и поради познатата сцена во која ги рашири нозете за време на полицискиот распит.
Режисерот на „Basic Instinct“ Пол Верховен пред неколку години изјави дека Шерон Стоун лажела за тоа колку „жешка“ мислела дека ќе биде сцената.
„Секоја актерка знае што ќе се види ако ја замолите да ја соблече долната облека и ја насочите камерата таму“, рече тој во 2017 година.
А, таа обновена сцена ќе се најде во новите материјали, меѓу кои ќе бидат бонус снимките на Мајкл Даглас и Шерон Стоун, а филмот наскоро треба да започне да се прикажува во киносалите, прво во Франција, а потоа и во други земји, пишува Variety.