Хакерите од DarkSide изнудиле 90 милиони долари од своитe жртви

Хакерската група позната како DarkSide, којашто според американските власти стои зад неодамнешното хакирање на системот на американската компанија оператор со значајниот цевковод за енергенси „Colonial Pipeline“, во текот на целата својата активност изнудила од своите жртви вкупно 90 милиони долари во крипто валути, објави во вторникот телевизиската мрежа CNBC News, повикувајќи се на истражувачката компанија Elliptic.

Според извештајот на Elliptic, за девет месеци најмалку 47 компании биле жртви на изнудата на хакерите, а просечната сума за откупот за враќање на пристапот до сопствените системи изнесувала околу 1,9 милиони долари, кои биле пренесени во криптовалутата Bitcoin.

Откупот на „ColonialPipeline, како што се претпоставува според написот на Bloomberg од минатиот четврток, изнесувал 75 биткоини, што според курсот од 8-ми мај изнесувало приближно 5,3 милиони долари.

Во прилогот се забележува дека некои трансакции можеби не биле забележани, па сумата од 90 милиони долари може да се смета за долниот праг на вкупниот износ кој хакерите можеле да го добијата по нападите со нивните изнудувачки софтвери.

Во петокот весникот The Wall Street Journal, објави дека групата DarkSide се расформирала откако го загубиле пристапот до нивните сервери. Софтверот со кој се користи DarkSide ги напаѓа компјутерите кои не користат тастатури со писмата од поранешните советски републики, тврдат за агенцијата Reuters кибернетички експерти.

Кибернетичкиот напад врз компанијата „Colonial Pipeline“ беше изведен со вирусот кој продира во компјутерскиот систем привремено го блокира неговото работењето и ги криптира податоците сѐ додека жртвата на ја плати сумата којашто ја бара изнудувачкиот софтвер.

Хакирањето на неколку дена ги парализираше системот на компанијата, преку којашто се транспортираат околу 45 отсто од горивата неоходни за потрошувачите на американскиот Источен брег. Компанијата „Colonial Pipeline“ поради нападот на неколку дена ја прекина својата работа, што претставува една од најголемите последици од дигителен напад во историјата. Оваа компанија е оператор на најголемиот американски цевковод за транспорт на различни видови горива.

Американското Федерално биро за истраги (FBI) нападот го припиша на криминалната хакерска мрежа DarkSide за која се мисли дека или дејствува од Русија или од некој друг дел на источна Европа.