Послаб потрес регистриран синоќа во Полошко

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтерова скала бил регистриран изминатата ноќ во 1,20 часот од страна на телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот бил во Тетово-Гостивар, 65 километри угозападно од Скоpje.

Според досегашните податоци овој земјотрес беше почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Дебар и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, стои во соопштението на Сеизомолошката опсерваторија.