
Рената Стефанова, ќерката на обвинителката Лиле Стефанова од Јавното обвинителство за организиран криминал, пред повеќе од пет години како тогаш 21-годишна невработена девојка успеала да купи стан во вредност од 75.000 евра во луксузниот објект на „Адора Инженеринг“ близу центарот на Скопје, но нејзината мајка не го пријавила во анкетниот лист, покажуваат податоците кои на својот фејсбук профил го објави новинарот Зоран Божиновски.
Според сознанијата, станот е купен на 11-ти јули 2016 година, заведен е во деловодните книги на компанијата, под број на договор 03-921/1, а нотарски е заверен кај нотарката Верица Синадинова на 23-ти септември 2016 година…
Но интересно е што Лиле Стефанова се јавува и како обвинител во предметот „Империја“, со кој е опфатени и бизнисменот Јордан Камчев, а пред помалку од две години италијанскиот весник „Ла Верита“ објави снимка од телефонски разговор и меѓу Камчев, осомничен во „Империја“, и Бојан Јовановски – Боки 13, осомничен во случајот „Рекет“, и во еден од нив, Камчев вели дека сопственикот на „Адора Инќенеринг“ Ванчо Чифлиганец му барал дуќан за обвинителката Стефанова.
Камчев, во разговорот со Боки 13, прашува дали обвинителката Стефанова е влезена во играта со нив
Чифлиганец тогаш во изнава до медиумите ги негираше таквите тврдења.


