
Најновата листа на државни должници, која се однесува на периодот заклучно со март годинава, можеби и не би се разликувала многу од другите списоци, со секогаш добро познатите борчлии, доколку овој пат во „топ должничката десетка“ не избиеше една голема и моќна државна компанија, а таа е акционерското друштво за производство на струја, односно Електрани на Македонија, пишува порталот Фактор.мк.
На списокот што на секои три месеци го објавува Министерството за финансии досега АД ЕЛЕМ беше во многу подолните позиции, со многу помали суми на долгови, но затоа на крајот на март годинава избива на седмото место, со долг од дури 6,1 милиони евра.
Инаку, треба да се напомене дека државните Електрани сега официјално се викаат АД Електрани на Северна Македонија, или АД ЕСМ, но во списокот на Министерството за финансии се уште фигурираат како АД ЕЛЕМ Скопје, веројатно затоа што таму се уште не е сменето името. На листите се наоѓаат уште двете фирми ќерки на ова АД, а тие се Елем Трејд и Елем Турс.
Како и да е, државните електрани на крајот на март годинава должеле кон сите доверители, каде влегуваат и приватни фирми, но и институции од јавниот сектор, прецизно 6.079.544 евра.
Само три месеци претходно, пак, односно на крајот на декември минатата годин, долгот бил речиси три пати помал, односно изнесувал 2,36 милиони евра. Или, со ова ниво на долг АД Елем биле на 24 место од државните должници. Од тие причини можеби и не „паднале во око“, односно не станале интересни за новинарска опсервација, бидејќи вообичаено се интересни првите 10 па до 20 најголеми борчлии.
Повеќе прочитајте ТУКА