сија остро ќе одговори на обидите за напад врз нејзината територија и „ќе ѝ ги избие забите“ на која и да е странска сила која ќе се обиде да грабне дел од руската територија, порача во четвртокот рускиот претседател Владимир Путин.
Рускиот челник истакна дека штом една земја станува посилна и попросперитетна, нејзините противници веднаш наоѓаат причини да се обидат да го ограничат нејзиниот развој. Ваквите обвиди, истакна Путин, продолжија и по распадот на Советскиот сојуз.
На витуелниот состанок со високите функционери, Путун го цитираше она што ги опиша како изјави на странците кои ја преиспитуваат руската контрола на енергетски богатиот Сибир.
Ваквите коментари кои во американските медиуми и документи се појавуваат уште од 1970-те години, неодамна ѝ беше припишан и на поранешната и сега влијателна американска државна секретарка Медлин Олбрајт иако таа негира дека изјавила такво нешто.
„Реално, потенцијалот е колосален, територијата останува најголамата на светот, со 146 милиони луѓе, навидум не толку многу во споредба со оние земји во кои живеат стотици милиони жители, па дури и повеќе од милијардаНекои дури се осудуваат јавно да кажат дека наводно е неправено што Русија го поседува богатството на регионите какко Сибир. Само една земја го поседува“, рече Путин.
Путин истакна дека Русија не оди по патот на милитаризација на своајта економија. Појасни дека годинава се одвоени околу 42 милијарди долари, додека американските воени трошоци „надминуваат 770 милијарди дилаар“.
Впрочем, руската армија, како што истакна Путин, ги има најмодерните сили за нуклеарно воздржување.
„Имаме, генерално земено, нов вид стратешко оружје, хиперсоничнио систем ‘Авангард’ со интерконтинентален дострел. Поседуваме хиперсонично оружје кое во моментов никој го нема“, рече рускиот претседател.
Путин предупреди дека обидите за ограничување на Русија ќе продочат, бидејќи на нејзините противници „едноставно таква земја не им е потребна“.
Користејќи воен речник кој во многу помогна за закрепнување на земјата и враќање на дигнитетот и самочувство на вооружените и безбедносни сили, Путин порача дека Москва на секој потенцијален агресор ќе му одговори отворено и силно.
„Секој кој ќе постака да нѐ ‘касне“ некаде или да ‘одгризе’ нешто наше, но тие коишто тоа би го сториле, треба да знаат дека на сите би им ги скршиле забите, така што повеќе нема да можат да гризат… А клучот на тоа е во развојот на нашите вооружени сили“, додаде Путин.
Во последниот период многу очигледно е дека одредени земји, пред сè НАТО, вклучително и САД, постојано се обидуваат да ги ограничат руските активности на Арктикот, понекогаш градејќи привремена воена база во близина на руските граница или се закануваат со санкции. Москва подолго време ваквите мерки на САД го оценува како директна закана за безбедноста на Русија.
Изјавата на Путин доаѓа во периодот кога се договата самитот со американскиот претседател Џо Бајден чија цел е да спречи лишите односи меѓу САД и Русија да станат уште полоши. Притоа, сведочи за решителноста на Москва да остане на цврстите ставови и покрај бројните притисоци преку зголемено воено присуство на руските граници и повеќегодишните западни санкции.