Лазаров со Нант и Барселона се квалификуваа на завршниот турнир во Келн

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров, со својот Нант ќе игра на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Францускиот тим и покрај тоа што загуби со 32:30 во реванш четвртфиналниот натпревар од Веспрем, но поради победата на домашен терен од четири гола разлика обезбеди пласман на Ф4 турнирот во Келн.

Лазаров, кој по седми пат во својата кариера ќе игра на Ф4 во Келн, реализираше два гола, а најпрецизен беше Балагуер со шест гола. На спротивната страна Манасков имаше два гола, додека Ненадиќ бореше до седум.

Ова е втор настап за Нант на завршниот турнир во Лигата на шампионите, откако претходно настапија во 2018 година.

Малку подоцна и ракометарите на Барселона се пласираа на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите откако и во реванш-четвртфиналната пресметка славеа убедливо со 40:28 против белорускиот Мешков Брест

По триумфот уште на првиот меѓусебен натпревар од четвртфиналето, каталонскиот тим сега одигра само рутински натпревар за место на завршниот турнир од најквалитетното европско клупско натпреварување.

Најефикасен со седум гола кај Барселона беше Мортенсен, додека шест гола постигна Гомез Абељо. Кај Мешков Брест седум гола постигна Гомез Абељо.

Претходно на Ф4 турнирот се пласираа и тимовите на ПСЖ и Алборг.