ФОТО| Поплаки од Македонија за неможност за гласање на Евровизија

Во втората полуфинална која се одвива вечерва, 17 земји ќе се обидат да се пласираат во финалето на Евровизија, но фанови на оваа манифестација од Македонија се пожалија дека и повеќекратни обиди не можеле да гласаат преку апликацијата од нивните паметни телефони.

Засега не е познато поради што се појавила оваа пречка, по јавувањето на возвратната порака дека локацијата не овозможува гласање.

Во првата полуфинална вечер на Евровизија во вторникот 18-ти мај беа познати првите десет финалисти, а уште 17 земји ќе се обидат да се пласираат во финалето на ова натпреварување.

На второто полуфинале на Евровизија учествуваат натпреварувачи од Сан Марино, Естонија, Чешка, Грција, Австрија, Полска, Молдавија, Исланд, Србија, Грузија, Албанија, Португалија, Бугарија, Финска, Летонија, Швајцарија и Данска.