Израел и Хамас во петокот рано утрото ќе ги прекинат судирите по должината на палестинската енклава Појасот Газа, објави во четвртокот вечерта израелската влада и палестинското милитнатно движење, давајќи надежи за скоро завршување на најжестоките судири во последните неколку децении.
Израелскиот безбедносен владин кабинет соопшти дека едногласно го продолжал предлогот на Египет за „двострано и безусловно“ примирје коешто ќе започен во два часот по локално време, односно три по македонско.
Високопозициониран претставник на Хамас за Reuters изјавил дека примирјето ќе биде „двострано и истовремено“.
Медиумите јавуваат дека примирјето е склучено откако наводно американскиот претседател Џо Бајден го повикал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се обиде да ја смири ситуацијата и со посредување на Египет, Катар и ОН.
Бајден во четвртокот разговарал со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, по што Белата куќа соопшто дека чекорите кон примирјето се „охрабрувачки“.
Портпаролот на Генералниот секретар на Обединетите нации, Стефан Дужарик, потврди дека специјалниот претставник на светската организација за Блискиот исток, Тор Бенесланд е во Катар, додавајќи „Активно соработуваме со сите страни на итен прекин на огнот“.
Размената на ракетна оган о страна на Хамас и Исламскиот џихад продолжи во четвртокот по осумчасовната пазуза, откако Израел ги нападна целите на овие фракции за кои тврди дека се воена инфраструктура.
Од ескалацијата на судирите на 10-ти мај, болнички извори во Газа велат дека загинале 232 Палестинци, меѓу кои 65 се жени и 39 жени, а ранети се повеќе од 1.900 луѓе. Израел вели дека убил најмалку 160 борци на Хамас во Газа, а дека цивилните жртви главно потекнуваат од околи 500 истрелани ракети кои паднале на територијата на енлавата. Израел потврди досега 12 жртви, од кои две се деца, еден е војник во патрола и тројца странски работници на фарми. Притоа во Израел од незапаметеното досега ракетирање на неговата територија, повредени се неколку стотоци луѓе.