Германските пратеници во четвртокот изгласа закон со кој се рехабилитираа војниците кои со децении наводно се соочувале со дискриминација, откази или осуди поради нивната сексуална ориентација.
Германската војска до 2000 година, кога и хомосексуланоста во земјата беше сметана за болест, сметаше дека хомосексуалците се закана за дисциплината и дека се се соодветени за повисоките офицерски должности. На геј-војниците им биле наводно ускратувани унапредувањата, можело да бидат отпушетни од воената служба и кривично да бидат гонети.
Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер, којашто се извини за годините на дискриминација, рече дека новиот закон е знак дека Германија ја презема одговорноста.
„Нашата должност е да се грижиме поединците кои биле обезвреднувани во текот на службата да се чувстуваат сигурно и да ја имаат најдобрата можна поддршка“, изјави министерката во долниот дом на парламентот пред гласањето.
Според новиот закон, војниците може да бараат бришење на споредините пресуди и имаат право на некоја форма на финансиска компензација.
Лезбиските и геј здруженијата го поздравија новиот закон, но мсетат дека тој не ги исполнил очекувањата.
„Сеопфатните отштети за неправдата под покровителство на државата би требало да вклучува поголема компензација, можност за дополнително унапредување и колективни компанзации“, соопшти пред гласањето Аксел Хохрејнн, член на комитетот на здруженијата.