Маск се залага за подобрување на односите меѓу САД и Русија

Еден од најбогатите луѓе на планетата, американскиот претприемач Илон Маск одговарајќи на прашањата од аудиториумот во текот на научно-технолошкиот маратон „Ново знаење“ преку видеоврска се изјасни во прилог на зајакнувањето на дијалогот меѓу САД и Русија, навестувајќи можно присуство нa неговата компанија „Tesla“ на рускиот пазар.

„Господинот (портпарол на рускиот претседател, Дмитриј) Песков ми предложи да го направам ова. Мислам дека ова е одлично, воспоставуваме контакти, за да имаме подобра комуникација меѓу САД и Русија“, рече Маск на прашањето зошто одлучил да учествува на настанот.

Во продолжение додаде дека компанијата за производство на електрични автомобили „Tesla“ наскоро може да се појави на рускиот пазар и да започен со сопствено производство во Русија.

„Мислам дека наскоро ќе бидеме присутни во Русија, а Tesla скоро ќе стаса во Русија… Исто така, треба да се гледа пошироко, во Казахстан, земјите од Заедницата на независни држави“, рече Маск мислејќи на државите кои произлегоа по распадот на некогашниот Советски сојуз кои остануваат и натаму значаен тесно поврзан пазар.

Маск оцени притоа дека фабрики на „Tesla“ може да се појават наскоро во Русија.

„Имаме фабрики во Шангај, исто така градиме во Берлин, во Тексас, во Калифорнија, и би сакале да имаме фабрики и во останатите делови од светот. Потенцијално ја разлгедуваме Русија“, додаде Маск.

Соговорникот на настапот на американскиот инженер и претприемач, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, притоа не исклучи можност од средба на рускиот претседател Владимир Путин и Илон Маск, но нагласи дека засега подготовки за такво нешто не се водат.

„Сѐ уште нема…, се надеваме дека со времето некогаш ќе биде“, рече Песков одговарајќи негативно на прашањето дали веќе има подготовка за евентаулна таква средба.

„Форматот на комуниакцијата сѐ уште не утврден. Сѐ уште не знам сигурно“, рече Песков појаснувајќи дали станува збор за лична средба или виртуелен состанок.

Песков и Маск инаку разговараа конференциски на форумот „Ново знаење“, кога портпаролот на Кремљ го замоли основачот и сопственик на иновативните технолошки компании „SpaceX“ и „Tesla“ на руската младина да ѝ ја раскаже својата визија за иднината на светот за 50 години.

Маратонскиот настан „Ново знаење“ започна во четвртокот во Москва и паралено се одржува во повеќе руски регионални центри Санкт Петербург, Сочи, Казан, Нижни Новгород, Владивосток, Калининград и Новосибирск. Програмата на форумот ги опфаќа областите како вештини, историја и култура, спорт, IT, индустрија и стопанство, наука и технолгија и според организаторите на него учество ќе земат 150 говорници, познати и признати стручњаци од своите области од земјата и светот.