
Македонија е меѓу земјите со најголема смртност од коронавирус во светот. Нашата држава е на шесто место според бројот на реални смртни случаи од Ковид-19. Албанија е на четвртото место во светот според бројот на реални смртни случаи од Ковид-19 во однос на населението, по Азербејџан, Босна и Херцеговина и Бугарија.
Податоците ги објави „Health Data“, американски институт за процена на здравјето.
По Албанија е Мексико (478 смртни случаи на 100 илјади жители), следат Македонија (482), Белорусија (472), Романија (465), Казахстан (459), Перу (447).
Во Македонија, односот е два, додека во Црна Гора е 1,4, наведува агенцијата.
Додека официјалните извештаи говорат дека Македонија пријавила 237.1 починат на 100.000 жители, американскиот институт регистрира двојно повеќе – 482.3 починати македонски граѓани на 100.000 жители.
Заклучно со вчера, досега во земјата се направени вкупно 769.471 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја, според официјалните извештаи, од почетокот на епидемијата изнесува 154.982, бројката на оздравени пациенти е 146.721, на починати е 5.280, а бројот на активни случаи изнесува 2.981.
Според американскиот институт, реалната бројка на починати лица е двојно поголема од онаа која ја објавува Министерството за здравство.