Николоски: Сопиште е пример како кадрите на ВМРО-ДПМНЕ го реализираат она што е ветено

Да ви се заблагодарам за присуството, денеска сме во рамки на теренските активности на ВМРО-ДПМНЕ во посета на општина Сопиште. Имавме веќе средба со градоначалникот кој што е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а ќе имаме и потоа средба и со ОК на ВМРО-ДПМНЕ, како и со жители од овие населени места со кои што ќе разговараме за актуелната состојба во државата.

Можам да кажам дека општина Сопиште е пример како може да функционира една општина кога има добар менаџмент и навистина би сакал да го пофалам градоначалникот, кој е еден добар пример како кадрите на ВМРО-ДПМНЕ го реализираат она што е ветено во програмата. Општината се развива исклучително добро во моментов има и големи проекти пред себе, само тука имаме два значајни проекти. Едниот е изградба на нова детска градинка, а вториот е изградба на Културен дом, што зборува за посветеноста и работата на градоначалникот и на целата општинска администрација.

Она што исто така е за пофалба, е што целокупната општина се развива и навистина овдека гледаме дека се создава еден нов мал град.

Продолжуваме во следниов период исто така со посетите и врз основа на овие посети ќе ја сработиме и програмата на ВМРО-ДПМНЕ за следните локални избори во која што фокус ќе бидат проектите и она што е потреба на граѓаните.