
Потерата по одметнат белгиски војни кој му се заканува на главниот државен виролог и наводно е наклонет на екстремните десничари, во саботата влезе во петтиот ден но без резултати.
Безбедносните сили ноќта кон саботата пребарувале десет објекти и домови на лица коишто се сметаат за блиски на осомничениот, се наведува во соопшетнието за јавноста од јавниот обвинител на Белгија.
Според беглиските медиуми, 46-годишниот војник Јирген Конингс исчезнал од својот дом во понеделникот во општината Дилсен-Стокен на границата со Холандија.
Властите веруваат дека е вооружен и предупредуваат дека можеби има намера да нанесе штети на бројни институции и лица, меѓу кои е и главниот државен виролог. Јавноста е предупредена да не му приоѓа на мажот кој е ставен во меѓувреме на државната листа на терористи.
Во вторникот утрото полицијата го пронашла возилото за коешто тврди дека го користел бегалецот, а во него биле откриени четири противтенковски ракетни фрлачи и муниција. Во четвртокот за дело обид за убиство и кршење на законот за поседувње оружје поврзано со тероризам именуван беше судија специјализиран по предметите врзани со тероризмот.
Во потрагата, којашто е во тек во областа Лимбург на границата со Холандија, вклучени се и холандската и германската полиција, извести во саботата телевизијата VRT.