Муцунски: Да се истражат наодите на американската агенција за тоа дека се кријат починати од ковид

Денес пратеникот Тимчо Муцунски при средбата во Ѓорче Петров беше запрашан од страна на медиумите кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за тоа што обелодени Американска агенција дека се кријат починати ковид-пациенти.

-Сите сме загрижени за состојбите во здравството. Веројатно прв кој треба да даде одговор за ова се здравствените власти, но факт е дека по најголем дел од индикаторите кои што ги имаме за мерење на респонзивноста на државните институции во однос на оваа КОВИД криза, смртноста, бројот на заразени случаи, ние сме постојано рангирани не на ниво на Европа туку веројатно и на глобално ниво сме меѓу последните земји, изјави Муцунски.

Муцунски додаде дека ова е само еден дополнителен доказ дека Македонија има многу слабо менаџирање во делот на здравствената криза, и поради тоа надлежните институции во Македонија треба да ги истражат дополнително овие наоди коишто ги има од ваква релевантна институција.