
Заедно со Тимчо Муцунски се сретнавме со образовните работници и родителите од Ѓорче Петров, разговаравме за предлог реформите на владата за образованието, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
„ВМРО-ДПМНЕ е за реформи во образованието, ама реформи донесени со широка дебата и консензус, реформи кои ќе го подобрат македонскиот образовен систем, а пред се кои нема да го нарушат македобскиот идентитет и државност.
Ќе продолжиме на терен со сите граѓани, одсите сфери на општеството.
ВМРО-ДПМНЕ има решенија за проблемите во Република Македонија“-посочи тој.