
Најмалку21 учесник во ултрамаратонот во кинеската провинција Гансу го загубил животот во силното невреме, меѓу кои се и повеќекратниот рекордер во оваа и други дисциплини Лианг Џинг и параолимпискиот шампион Хианг Гуанјун, пренесуваат во неделата медиумите.
Како што објави ресурсот Sina, Лианг бил прво воден како исчезнат. Организаторите се надевале дека моментално водечкиот во генералниот пласман 31-годишниот спортист преживеал, но подоцна спасувачите го пронашле неговото тело.
Крос-кантри маратонот во должина од 100 километри започнал во саботата утрото, во близна на градота Баин. Околу пладне по локално време во пределите со голена надморска височина, меѓу 20-от и 30-от километар од маратонот, временските услови нагло се влошиле, започнал да паѓа град, смрзнат дожд и да дуваат силни ветрови.
Организаторите го запреле натпреварот и испретиле 1.200 спасувачи во потрага по исчезнатите спортисти. Многумина од натпреварувачите биле лесно облечени, а темератирата на планината паднала речиси до нулата.
Во трката учествувале вкупно 172 маратонци. До неделата спасувачите успеале да го пронајдат и последниот натпреварувач воден како исчезнат, но за жал за 21 од нив ова била кобната трка.