
Генералниот секретар на НАТО го осуди во неделата вечерта „сериозниот и опасен“ инцидент со принудното приземјување на авионот на воздухопловната компанија „ Ryanair“ на меѓународниот лет Атина – Вилнус во белоруската престолнина Минск и побара отворање „меѓународна истрага“.
„Ова е сериозен и опасен инцидент, кој бара меѓународна истрага, Белорусија мора да гарантира сигурно вреќање на екипажот и сите патници“, во Вилнус, напиша Јенс Столтенберг на Twitter, а во меѓувреме Белорисија му дозволи на авионот на „Ryanair“ да го продолжи летот.
Авионот од типот „Boeing 737“ претходно во неделата беше принуден да слета на аеродромот во Минск и вратен од близина на границата со Литванија, откако според белорусите власти добиле дојава дека во него е подметната бомба, што при проверката не било потврдено. Истражниот комитет на Белорусија поради тоа отворил кривична постапка за лажна пријава за експлозивна направа, и се истражува од каде и со која цел дошла лажната информација за бомбата.
Супервизорот на смената на аеродромот Минск, Максим Кијаков, за локалната телевизија ОНТ, изјави дека „Според меѓунароните правила, Минск бил најблискиот аеродром и според нив, правилна била одлуката на капетанот на екипажот“.
Од своја страна, ресурсот „Пул Первога“, близок на кабинетот на белорускиот претседател, објави дека откако добиле порака за експлозив во авионто, Вилнус и Атина барале од Минск итно да го прими леталото.
„Според упатствата дипечерот мора да му го понуди на екипажот најблискиот аеродром. Во времето кога е примена пораката, најблискиот аеродром беше Националниот аеродром Минск“, се наведува во информацијата и се додава дека откако бил известен Лукашенко, тој наредил да се прими авионот и да се направи пребарување,
Белорусија во оваа операција испрати ловец пресретнувач од типот „МиГ-29“, а опозицискиот медиуми Nexta објави дека на летот меѓу двете земји членки на НАТО бил нивниот поранешен основач и уредник Роман Протасевич, кој бил приведен по легитимирањето во Минск, а во татковината е обвинет по неколку дела поврзани со екстремизам во врска со ланските масовни протести против реизборот на претседателот Александр Лукашенко. Тоа подоцна го потврдија и службените белоруски државни медиуми.
„Ова е целосно неприфатлив. Ја сметаме белоруската влада одговоран за безбедноста на сите патници и екипажот на авионот“, реагираше шефот на дипломатијата на ЕУ, пред самитот на Унијата во понеделник во Брисел.
Претходно во одвоени изјави реагираа и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, и претедателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и повеќе челници на земјите членки на ЕУ, особено соседите на Белорисија коишто Минск ги обвинува за заговор за подготвување пуч и соборување на белоруската влада.
Инцидентот се случи додека Белорусија и натаму е под санкции на ЕУ и САД, поради претседателските избори од август 2020 година, кога надмоќно побеи Лукашенко, но Брисел и Вашингтон иако одбија да испратат свои набљудувачи не ги признаваат изборните резултати. Покрај тоа, реагираа и на репресијата против масовните протести кои замреа целосно по шест месеци.
Борел уште на 10-ти мај најави дека Европската унија се подготвува да ги засили санкциите против Белорусија. Минск одговори со против санкции за некои европски функционери и порача дека нема да попушти пред притисоците.
Шефовите на држави и влади на земјите членки на ЕУ, кои се среќаваат во понеделник и вторник на смаитот во Брисел, ќе разговараат за можни санкции против Белорусија, беше потврдено во неделата од претставник на Европскиот совет.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на дневен ред на самитот ќе го стави инцидентот со авионот и „ќе бидат разгледани можни санкции“, беше објавено на Twitter во неделата вечерта.