Кремљ поддржува меѓународна истрага по инцидентот со авионот на „Ryanair“ во Минск

Меѓународната истрага за инцидентот кои се случи во неделата кога авион на воздухопловната компанија „ Ryanair“ беше принудно приземјен во белоруската престолнина Минск по закана со бомба, а по што е уапсен белоруски дисидент кој се наоѓал во него, би била оправдана, соопшти во понеделникот Русија.

„Постојат правила за меѓународниот воздушен сообраќај, а властите на меѓународниот воздушен сообраќај бу требало да донесат прцена дали биле почитувани меѓународните стандарди или не“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во коментар за приватната новинска агенција Интервакс.

Песков, исто така, повика на „разборите процена“ на инцидентот, истакнувајќи дека веќе има повици на санкции по постапката којашто се одвивал, како што оцени, според меѓународните прописи.

„Не сакаме да се вклучиме во оваа трка со осудување некого или поддржување на нешто“, додаде Песков.

Авионот од типот „Boeing 737“ претходно во неделата беше принуден да слета на аеродромот во Минск и вратен од близина на границата со Литванија, откако според белорусите власти добиле дојава дека во него е подметната бомба, што при проверката не било потврдено. Истражниот комитет на Белорусија поради тоа отворил кривична постапка за лажна пријава за експлозивна направа, и се истражува од каде и со која цел дошла лажната информација за бомбата.

Супервизорот на смената на аеродромот Минск, Максим Кијаков, за локалната телевизија ОНТ во неделата изјави дека „Според меѓунароните правила, Минск бил најблискиот аеродром и според нив, правилна била одлуката на капетанот на екипажот“.

Од своја страна, ресурсот „Пул Первога“, близок на кабинетот на белорускиот претседател, објави дека откако добиле порака за експлозив во авионот, Вилнус и Атина барале од Минск итно да го прими леталото.

Извршниот директор на „ Ryanair“ во понеделникот изјави дека верува оти во авионот кој принудно бил приземјен во Минск се наоѓале агенти на белориската тајна служба КГБ, поради тоа што дисидентот Роман Протасевич кој од 2019 година е во егзил во Полска, престојувал во Атина како дел од делегацијата предводена од белоруската опозициска лидерка Светлана Тихановска, која неодамна присуствуваше на Делфи форумот.

Пет патници кои се качиле на летот меѓу двете земји членки на ЕУ и НАТО, Грција и Литванија, не дошле до својата крајна дестинација во Вилнус, изјави во понеделникот шефот на литванската криминалистичка полиција Роландас Кискис. Додаде дека нема да дава коментари за лицата кои останеле во Минск.

Полицијата го приведе Роман Протасевич, кој е ставен на листата барани лица по масовните протести минатата година по новата победа на претседателските избори на Александр Лукашенко, која не ја признаваат опозицијата и Западот.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го осуди во неделата „риозниот и опасен“ инцидент и бараше покренување „меѓинародна истрага“.