Рускиот милијардер Владислав Дороњин почна преговори со бизнисменот Петрос Статис за преземање или партнерство во компанијата „Adriatik propertis“, објавиа весниците во Црна Гора.
„Adriatik propertis“ е закупец на елитниот црногорски хотелскиот комплекс „Свети Стефан – Милочер“.
Црногорскиот портал „Вјести“ објави дека од повеќе извори има потврда дека Дороњин кој на почетокот на мај и официјално стана мнозински сопственик на синџир на хотели „Аман група“, која е хотел оператор на „Градот – хотел Свети Стефан“ и „Вили Милочер“, изминатите десет дена интензивно разговарал со клучни луѓе во „Adriatik propertis“.