
Попладнево на автопатот Скопје-Велес, во близина на велешката патарина се случи тешка сообраќајна несреќа. Засега нема информации дали има жртви и повредени.
Еден автомобил, како што се гледа од фотографијата, веројатно „фолксваген нова буба“, е превртен на средината на патот. Сообраќајот не е во прекин, но се одвива отежнато, заради што на автопатот се создава километарска колона од автомобили.