
Лагата нема граница, а кога доаѓа од политичари лакеи на Зоран Заев можеби сме песимисти, можат тие и полошо, пишува на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„Најавуваа масовна вакцинација во декември 2020 и додека трчаа по провизии започнавме во мај 2021, убедливо последни во Европа. Според бројот на починатите сме меѓу првите шест држави во светот. Денес прочитав на медиумите најава дека пристигнале околу 10.500 дози Фајзер вакцини. Тоа што требаше да стигне во јануари или февруари стигна во мај, тоа што треба да е нормално за нив е спектакл. Е, па да ви кажам нешто, 5.329 македонски граѓани немаа можност да ги пречекаат во мај вакцините поради вашата неспособност и желба за провизии, починаа од корона … Порано или подоцна ќе има одговорност, јас ви ветувам“, пишува Мицкоски.