13.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

(ФОТО) Избувна пожар, облак од чад ја покрива Јаја Паша

Голем пожар избувна на улицата Цветан Димов, местото познато како Јаја Паша во Општина Чаир. Во моментов пожарот на терен го гаснат 3 противпожарни возила. Според првичните информации до кои дојде КУРИР, пожарот зафатил куќа, а најверојатно се проширил и кон околните објекти.

Репортерот на КУРИР од терен информира дека улицата од Бит Пазар кон Чаир е блокирана, а возилата се пренасочуваат.

ФОТО: КУРИР