Бајден: Санкциите за Северен тек 2 се штетни за американско-европските односи

Американскиот претседател Џо Бајден порача дека одлучил да ги укине санкциите против компамиите кои стојат зад гасоводот Северен тек 2, бидејќи проектот е при самиот крај и оти продолжувањето на мерките против нив би можел да им наштети на односите на САД со сојузниците во Европа.

Џо Бајден, кој во јуни ја планира својата прва посета на Европа во својоство на претседател на САД и прва средба со рускиот претседател Владимир Путин, веројатно на 16-ти јуни во швајцарска Женева, изјавил за новинарите дека е против новиот гасовод меѓу Русија и Германија од почетокот на неговото градење, но дека одлучил да го отфрли санкциите бидејќи гасоводот е „речиси целосно довршен“ уште пред тој да стапи на должност во јануари годинава.

„Имајќи предвид дека речици целосно е довршен (…) сметам дека би било контрапродуктивно за односите со Европа да продолжиме со санкциите“, одговорил Бајден на новинарско прашање зошто им дозволува на Германија и Русија да го довршат проектот.

Американскиот претседател Бајден, кој се залага за градење единствен фронт и против Русија и против Кина, брзо тргна во поправањето на односите со Германија и другите клучни европски сојзуници кои беа изморени и остро критикувани од неговиот претходник Доналд Трамп.

Минатата седмица американското министерство за надворешни работи соопштио дека „Nord Stream 2“, германската проектна компанија која стои зад рускиот гасовод кој води кон Германија, и нејзиниот извршен директор Матијас Варнинг кого Вашингтон го смета за „сојузник“ на рускиот претседател Владимир Путин, се занинавам со активности кои се за санкции, но дека одличиле да ги унинат порадити тоа, како што е наведено, прашања од националната безбедност.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави во вторникот дека очекува натамошни разговори со САД за проектот Северен тек 2 по укинување на санкциите.

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ и неговите западноевропски партнери, австриската компанија OMV, фирмата ќерка на BASF – „Wintershall“, англиско-холандската компанија „Shell“, германската „Uniper“ и француската „Engie“, се обидуваат што побрзо да го довршат градењето на гасоводот за испорака на рускиот природен гас под Балтичкото Море во Западна Европа.

Проектот „Северен тек 2“ вклучува изградба на две гасоводни линии со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри природен гас годишно од брегот на Русија преку Балтичко Море до Германија. Работата беше прекината во декември 2019 година откако швајцарскиот Allseas го напушти поставувањето цевки поради можни санкции на САД. Но, во декември 2020 година, изградбата продолжи. Во моментов гасоводот се поставува во територијалните води на Данска.

Проектот, кој засега е довршен 95 отсто, ќе ја заобиколи Украина, оставајќи ја оваа земја без проходите од големите транзитни такси кои ги наметнуваше за испораките на рускиот гас во Европа. Поради тоа, оваа економски руинирана земја беше поддржувана од другите американски сојузници во Европа во спротиставувањето кон Русија по превратот во 2014 година, во настојувањата да се запре споменатиот гасовод.