
Реформите мора да се случуваат, промени во образованието мора да има, порача и денеска министерката за образование и наука Мила Царовска, која рече дека референдумот е демократско право и за тоа си има постапка.
И покрај оспорувањето на дигитализацијата и иницијативата за собирање потписи со кои се бара референдумско изјаснување за реформите, министерката посочи дека во континуитет течат подготовките за наставата во прво и четврто одделение од учебната 2021/2022 година да почне по нови наставни програми и модернизација на образованието.
Таа истакна дека постојано има дијалог и дека Министерството е отворено за сите засегнати што имаат конструктивни предлози, а голем дел од нив, рече, се прифатени и преточени во законското решение.
=Затоа што ако вака тапкаме во место уште две, пет, седум години, го губиме и можниот потенцијал што, ако почнеме сега, може да го создадеме за приод од пет, седум и петнаесет години, кога реално може да очекуваме учениците што сега влегуваат во основно образование потоа да излезат како попродуктивни граѓани коишто ќе бидат обучени за современото жовеење – рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на средното скопско стручно училиште „Владо Тасевски“.