За идните генерации…
Три песни на Ѓорѓе Балашевиќ влегува во учебниците по српски јазик за основно училиште во Србија.
Во учебниците за осмо одделение ќе се најде „Дрвена песма“, а во пониските одделенија на часот по српски јазик ќе се анализираат песните „Девојка са чардаш ногама“ и „Д-мол“.
„Важен е затоа што беше поразличен, а тоа е она што го одликува нашиот Ѓорѓе Балашевиќ. Ја имаме „Девојка со чардаш ногама“, весела, полетна песна. Потоа, „Д-мол“, тажна љубовна песна и за осмоодделенците „Дрвена песма“, која зборува за сонувањето на едно момче“, – вели професорката Ивана Лучиќ од една основно училиште во Нови Сад.
„Не е баш лесно да се разберат и не се едноставни, па ова е одлична задача за наставниците кои заедно со учениците ќе ги анализираат песните, ќе ги пронаоѓаат стилските фигури, скриените мисли и пренесувањето на значењето“, – заклучува таа за „Курир“.