Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска го посети Прилеп каде што имаше средба во регионалната Стопанска комора.
– Прилеп ни е еден од врвните приоритети и сакаме во Прилеп навистина да го дадеме најдоброто од себе, да победиме, а потоа да покажеме дека Прилеп ги доживеа изминатите најтешки години во своето постоење четири од водење на актуелниот градоначалник и СДСМ , а периодот кој што следи се најдобрите години за Прилеп и прилепчани кои што ќе го менаџираат и градот и администрацијата во градот, а ќе бидат предлог на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ – рече Мицкоски.
Тој додаде дека условите за стопанисување се тешки во пандемијата но дека и локална администрација и централната влада тие услови ги направи да бидат уште потешки.
– Се борат за секое едно работно место, овие луѓе јас тоа го повторувам често пати се навистина јунаци да обезбедат работа за вработените, да обезбедат пристоен личен доход и континуирано да работата на подобрување на условите за работа и условите за живеење на вработените во овие претпријатија. Така што еве на крај мојата порака е, дека од овие најтешки и најлоши четири години за Прилеп и прилепчани, следуваат најдобрите четири години кои што ќе биде градоначалник на предлог на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, вистински економски, инфраструктурен и урбанистички бум на Прилеп и на прилепчани.Тоа е она кое што ние го очекуваме, тоа е она кое што ќе го испорачаме пред прилепчани, а после тоа после тој четири годишен мандат останува на нив да одлучат дали ќе дадат и втор или трет мандат итн. Така што немојте да се разочарувате најдоброто допрва доаѓа – порача Мицкоски.