Кина ја отфрли новата истрага за потеклотo на новиот коронавирус, ја префрли одговорноста врз САД

Кина во четвртокот го отфрли и го критикуваше барањето на американскиот претседател Џо Бајден американската разузнавачка заедница да отвори нова истрага за потеклото и изворот на коронавирусот, обвинувајќи го Вашингтон дека настојува да го политизира ова прашање.

Портапролот на кинеското министерство за надворешни работи Жао Лиџијанг во четвртокот ги обвини САД дека се обидуваат на Кина да ѝ ја припишат вината за пандемијата на коронавирусот, и го негираше сомневањата дека вирусот SARS-CoV-2 по некоја несреќа „побегнал“ од лабораторијата во Вухан, градот во централната провинција Хубеи.

Жао истакна дека стручњаците на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) во февруари годинава заклучија дека претпоставката за таквото „истекување“ на вирусот од лабораторијата е „крајно малку веројатна“.

„Некои во САД ги затвораат очите пред фактите“, изјави Жао додавајќи дека Вашингтон со тоа сака да го свртат вниманието од сопствениот „некомпетентен одговр“ на пандемијата. Сугерираше, исто така, дека изворот на короновирусот би можела да биде лабораторија на армијата на САД.

„Постојат многу дилеми во врска со лабораторијата во Форд Детрик, а САД имаат повеќе од 200 биолошки лаборатории во светот“, посочи портпаролот на кинеската дипломатија.

Кинеската амбасада во Вашингтон претходно во четвртокот соопшти дека „некои политички сили се фиксирани на политичката манипулација и барањето виновник“. Кина поддржува „сеопфатно истражување на сите рани случаи на Covid-19 пронајдени ширум светот и темелна истрага на некои тајни бази и биолошки лаборатории во целиот свет“, се истакнува во соопштението на амбасадата.

Пекинг порача дека доколку САД побараат од Кина да учествува во сеопфатната истрага, Кина ќе бара од САД да ја следат и да дозволат меѓународни истраги на нивна територија.

Помошничката за стратешка комуникација на директорката на Националните разузнавачки служби на САД, Аманда Шох, најави дека истрагите ќе бидат „агресивно“ продолжени, а претходно беше објавено дека некои од агенциите на американската разузнавачка заедница се поделени во врска со прашањето дали вирусот минал од заразени животни на луѓето или „побегнал“ од лабораторија.

„Разузнавачката заедница не знае точно каде, кога и како првично е пренесен вирусот на Covid-19, но е концентрирала околу овеи две веројатни сценарија“, соопшти кабинетот на директорката на Националната разузнавачка агенција на САД, Аврил Хејнес.

„Иако двата елемента на разузнавачката заедница се наклонети на првото а еден на второто сценарио, двете со мали или умерени убедувања, повеќето агенции од заедницата веруваат дека нема доволно информации за процена на тоа кое сценарио е поверојатно“, соопштија од кабинетот на челничката на Националното разузнавање.

Американскиот претседател Џо Бајден во средата рече дека американската разузнавачка заедница е подделена по прашањето за потеклото на коронавирусот и дали тој минал од заразено животно на човек или станува збор за лабораториска несреќа, побара продолжување на истрагата за која даде рок од 90 дена.

Во четвртокот Бејден рече дека целосниот извештај на американското разузнавање ќе биде објавен, доколку во него има сознанија кои нему не му биле познати. Повторувајќи дека има намера јавно да ги објави нивните резултати, Бајден ги повика националните лаборатории во САД да помогнат во истрагата и разузнавачката заедница да подготват список на специфични барања за кинеската влада и истовремено ја повика Кина да соработува со меѓународните тимови за потеклото на пандемијата.

„Тој (Бајден) вети дека ќе ги објави резултатите по 90-дневна проверка по верзијата за истекување од лабораторија, освен доколку не се појави нешто за што тој не бил предупреден“, се наведува во објавата на Белата куќа.