Миланов: Исказот на Нинџа „се менува по потреба“

Одбраната на обвинетите во случајот „Организатори на 27 април” на следното рочиште, кој е предвидено за дополнување на доказната постапка, главно ќе презентира материјални докази, најави адвокатот Еленко Миланов, додавајќи дека материјалните докази ќе бидат во насока да се докаже каква функција имале и извршувале клиентите кои ги застапуваат.

– Тоа се потврди за тоа дали биле во партија на какви било функции, односно она што произлезе од исказот на сведоците да го потврдиме и со материјални докази – изјави  Миланов.

Воедно, тој оцени дека исказот на Александар Василевски – Нинџа „се менува по потреба“ за фаза на постапка, дел од постапка и за која постапка се однесува. Според него, тој исказ е дискредитиран до таква граница што „не би можело и не би смеело да се поклони верба на истиот“.