ВМРО-ДПМНЕ: Заев сака да овозможи извоз на непреработена марихуана

Зоран Заев ќе поднесе измени на закон со кој ќе овозможи извоз на канабис за поголем профит на фирмата на својот братучед. Заев сака да овозможи извоз на непреработена марихуана, а не како до сега на масло за медицински потреби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Наместо да работи за граѓаните, работи за фирмите на семејството. Државата тоа е Заев, тој како Луј 14 се поставува над целиот систем и продолжува да го брани Рашковски кој цела држава го виде со рацете во медот, во набавка на милионски софтвери. Заев е тргни застани политичар. Без став и без концепт. Битиќи вели има, Заев вели нема кризен данок. Кој лаже? Ваквите несериозни испади на власта како кризни даноци и зголемување на даноците преку воведување на прогресивен данок го загрижуваат секој сериозен инвеститор, кои ќе почнат да се иселуваат, а нови нема да доаѓаат. Ќе останат само фабриките со марихуана на семејството Заеви – велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, со политиките на високи даноци и економска неписменост Заев е на пат да го остави народот без работа и леб.