
Министерот за надворешни работи Бујар Османи и економските советници, кои во рамките на економската дипломатија се назначени да отпатуваат за Варшава, (Вишеградската група), Минхен (Германија и Австрија), Анкара за Турција и Абу Даби за ОАЕ и другите земји од Заливот, денеска ќе ја посетат општината Тетово, слободната економска зона во Тетово и фабриката за млеко и млечни производи „Алпи Милк“.
Како што соопшти МНР, проектот е дел од поширокиот план за посети на повеќе поголеми општини и освен посетата на Тетово, слични посети ќе има следната недела во сите поголеми градови на Македонија, продолжувајќи со Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп, Крушево, Кавадарци, Штип, Виница, Струмица, Дојран и Гевгелија.
Целта на посетите е економските советници да се стекнат со прецизни информации за потребите на локалната самоуправа, потенцијалните ресурси за искористување на локалниот економски развој, туристичките потенцијали, како и потребите на постојните регионални бизнис центри