Наумче Мојсовки: Не остави прерано, остави голема трага бедем пред голот

Директорот на Агенција за Млади и Спорт Наумче Мојсовски испрати сочувство до семејството и сите пријатели на Никола Даниловски, македонскиот голман кој утрово беше пронајден удавен во Охридското езеро. Мојсовски со тешко срце испрати последен поздрав до колегата,

„Со тешко срце упатувам последен поздрав до мојот млад колега, ракометар кој остави голема трага, бедем пред голот, Никола Даниловски, кој не напушти прерано. Во неговите само 24 години, Никола направи многу и за спортот, но и за многу млади луѓе на кои им беше пример.Поттикнати од неговите успеси и љубов кон ракометот, младите бираа спорт. Беше вистинска карпа пред голот, а честа да биде дел од нивниот тим ја имаа ГРК Охрид, Пелистер, Металург Скопје Во 2017 година, Никола ги бранеше боите на Македонија и на Светското првенство во ракомет. Прерано згаснатиот живот на Никола е голема трагедија. Од мое лично име и од име на Агенција за млади и спорт упатувам искрено сочувство до семејството. Нашите мисли и молитви се со вас. Никола, почивај во мир“, истакна Мојсовски.