
Зоран Заев без срам и перде ветува нов инвестициски циклус, а од тој кој што го ветуваше пред две години нема ништо реализирано. Очигледно штом го фатат во криминал или корупциски скандал, веднаш се расфрла со нови лаги за милијарди и ги вергла истите ветувања, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Во август 2019 година Заев ветуваше 5 милијарди евра инвестиции во инфраструктура, патишта, железници, училишта, градинки, водоводи, пречистителни станици, енергетика, а резултатот од тоа е огромна НУЛА. Реализацијата на капиталните инвестиции во текот на целата власт на Зоран Заев е катастрофална. Единствено успеаа да го зголемат долгот за 2,5 милијарди евра нов долг и да го искачат на историски највисоко ниво од 63% од БДП.
Знаејќи го Заев и оваа најава за инвестиции ќе биде нов пакет лага. Единствено успешен е во криминалот и корупцијата, стои во партиското соопштение.