Политичките противници на најдолговечниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху започнаа со обидите за формирање коалиција којашто ќе им овозможи формирање влада, неколку дена пред истекот на законскиот рок за тоа.
Израелските политичари се обидуваат да се избегне распишувањето на веќе петтите парламентарни избори во две години, откако во претходните четири избори не беше добиено јасно парламентарно мнозинство.
Нафтали Бенет од партијата Јамина одлучи да влезе во коалицијата со опозицискиот лидер Јаир Лапид од партијата Јеш Атид (што се преведува како „Има иднина), објави во неделата израелското државно радио, а наскоро се очекува и официјална потврда.
Според извештајот, Бенет наводно планира подоцна во неделата за тоа да го извести водството на неговата партија. Тој со Лапид договорил заеднички да го делат кабинетот на премиерот, така што Бенет ќе ја преземе улогата во првите две години, а потоа следните две ќе го замени Лапид.
Центристичката партија на Лапид беше втората според бројот на гласовите од последните избори на 23-ти март, веднаш зад десноориентианиот Ликуд на Нетанјаху. По изборите Нетанјаху не успеа да ја формира владата па претедателот Реувен Ривлин му го предаде мандатот на Лапид.
Прореформски ориентираната партија на Лапид планиа во неделата да ги продолжи коалициските разговори со десната Нова надеж на Гидеон Саар. Претходно постигна договор со лево-либералната партина Мерец, со Лабуристичката партиај и со националистичката партија Јисраел Бејтени, на поранешниот министер за надворешни работи и за одбрана Авигдор Либерман.
Лапид се обидува да обезбеди поддршка од неколку помали парии кои меѓусебно се оддалечени на политичкиот спектар за да формира малцинска влада којашто би била прифатлива и за арапските пратеници во Кнесетот (израелскиот парламент).
Нив ги обвинува сите оние коишто го отфрлаа Нетанјаху, кому во моментов му се суди за корупција. Сепак, овие помали партии имаат сосема различни политички цели.
Мандатот на Лапид за составување на владата истекува во средата на полноќ.
Откако официјално ќе го објави формирањето на коалицијата, Лапид за тоа ќе треба да го извести претседателот Ривлин. Потоа ќе има седум дена владата да ја положи свечената обврска во парламентот, за што е потребно просто мнозинство од вкупно 120 пратеници во Кнесетот.
Доколку Лапид успее во обидите за формирање влада, тоа ќе претставува крај на ерата на Нетанјаху, кој е премиер без прекин од 2009 година. Претходно беше премиер и во периодот од 1993 до 1999 година.
Но Нетанјаху во неделата возврати нудејќи им на Бенет и Саар коалиција во која сите тројца би се менувале на премиерската должност. Во видеото кое го постави на Twitter истакнува дека станува збор за „судбоносен момент за безбедноста, карактерот и иднината на Државата Израел“ и ги повикува Бенет и Саар да му се придружат за да се „спречи воспоставувањето на опасна лева влада“.
Саар, кој според предлогот прв би ја предводел оваа влада на широка коалиција, веднаш го одби предлогот нарекувајќи го „спин“.
Политичката коментаторка Тал Шнајдер за новинарите во неделата изјава дека коалицискиот договор ќе бара тешко одржлива рамнотежа во врска со некои прашања, како што е решението за две држави со Палестинците, како и дека Нетанјаху го гледа како опозициски лидер кој веројатно веже ги планира наскоро и новите петти предвремени избори.