Во разговор за ТВ24 професорот Бранимир Јованиовиќ појаснува дека Интервентниот план за инвестииции треба да подлежи на ревизија – истиот е нереален од многу апскети кои произлегуваат од самиот план внатре преку проектите кои 20 години не се реализирале а ниту ќе се реализираат вели професорот Бранимир Јовановиќ кој посочува дека главниот проблем е што со планот се приватизира државата и природните ресурси – со нив ќе располагаат мала група на моќни луѓе.
-Во суштина не е лошо што Владата најавува план за инвестиции, затоа што единствен начин да се излезе од оваа криза е ако Владата инвестира, ако државата инвестира. И многу други светски економии вклучувајќи ја и најголемата Америка започна со такви планови и од таа гледна точка планот сам по себе не е лош. Но, она што е лoшо е тоа што планот е полн со слабости. Прво е што е скроз нереален, второто е што е полн со слабости – односно со слаби точки внатре во плпанот кога ќе го погледнете, и третото е што планот претставува вовед во приватизација на државата, вели Јовановиќ на ТВ24.
Прво, зошто викам дека е не реален планоT. Значи тој предвидува 8 милијарди евра во период од 6 и пол години до 2027 година. Што значи дека секоја година треба д аимаме инвестиции од околу една кома две милијарди, една милијарди и двесте милиони евра. Тоа се државни инвестиции и странски директни инвестиции. Ние во изминативе 5-10 години имаме секоја година во просек околу 600 милиони евра, државни и странски инвестиции и сега вие оддеднаш викате ќе го дуплирате тој износ – одеднаш преку ноќ. Тоа е скроз нереално, нема економист што ќе каже дека тоа е можно. Одеднаш преку ноќ да дуплирате износ на државни и странски инвестиции е скроз нереално.
Второ, во однос на слабостите на планот внатре. Значи планот како прво некои проекти коишто ние ги слушаме со децении наназад, не знам Чебрен и Галиште, Вардарска долина, пречистителна станица во Скопје, пругата кон Бугарија и т.н. Сите тие проекти можете да ги најдете во изборните програми на двете партии во изминатите 20 години. На сите избори тие ги спомнуваат тие проекти и тие проекти никако да почнат да се реализираат . Зошто сега оде3днаш би се реализирале кога 20 години, па и оваа влада која што е на власт 4 години не реализираше ништо од тие проекти? Зошто сега би очекувале тие да се реализираат? Многу од тие проекти што се наведени таму – во самиот план стојат, премиерот Заев тоа го кажа вчера, се уште не се обезбедени. Јас го читав текстот на сајтот на Влада, таму пишува дека за одредени проекти се уште не се обезбедени финансии а се ставени во овие 8 милијарди евра. Како наведувате проектио за коишто немате обезбедено финансии?
И, третото што според мене е најзагрижувачки е тоа што планот е всушност приватизација на државата. Зошто – затоа што најголем дел од сите тие проекти, ако го отворите текстот ќе го видите тоа, се всушност јавно-приватни партнерства. Сите тие проекти што се во областа на енергетиката и слично се јавно-приватни партнерства. Улогата на државата во тие проекти е минорна, десет,дваесерт посто нешто така. Значи тоа практично значи дека ќе ги распродавате природните богатсва, убавини на оваа држава, реките, полињата за да се градат соларни централи или што и дае. Ќе ја распродавате државата на некои инвеститори дали домашни или странски не е ни важно, и на тој начин ќе обезбедите економски раст. Значи тоа е приватизација на државата. И уште поважно, предвидено е планот за реализацијата на истиот да ја коордфинира некое координативно тело коешто ќе биде составено од приватни и државни фактори. Од каде тоа, најдете ми друга држава во светот што доверува државни инвестиции, државни работи на приватни сувјекти. Нема такво нешто тоа е недозволиво. Значи се знае дека раководењето со државните институции е домен на власта. Затоа луѓето ве бираат на избори – гласа Собранмие, Собранието бира влада, и владата го извршува тоа. Нема што тука вие да викате приватни субјекти – ќе раководат со извршувањето на државни инвестиции, така што според мене тоа е многу загрижувачки – претставува вовед кон приватизација на државата. И затоа мислам овој план иако во суштина и не е лош но кога ќе го погледнете подетално има многу слабости и мислам дека мора сериозно да се ревидира.
Ако се реализира овој план, ние ќе останеме без држава. Значи се ќе биде приватно и не само што ќе бид еприватно туку ќе припадне на мал број на богати луѓе коишто и сега раководат со државата но тогаш и де факто и де јуре ќе ја имаат државата, ќе ја поседуваат државата.
Стратегијата им е да продадат нешто државно – историјата се чини дека се повторува, вели Јовановиќ.