Портпаролот на Владата на Србија Миливоје Михајловиќ, изјавил дека тврдењата на претседателот Томислав Николиќ во врска со неговото прислушување, претставуваат сериозен сигнал за разузнавачките служби, пренесе српското електронско издание „Прес онлајн“. Според него ако секој си ја врши работата сличен проблем нема да има. Михајловиќ тврди дека тука станува збор за нелегално прислушување.
„Претседателот може да е прислушуван од мафијата, од дел од службите за безбедност, од интересни групи или странски служби“, изјави Михајловиќ.