Омилената фирма на СДСМ доби уште еден милионски тендер

Кумановската фирма „ДЕЛУКС-АУТО“ од Куманово доби уште еден тендер за набавка на луксузен автомобил, овојпат на шефот на државата Стево Пендаровски.

Како што објави во понеделникот Лидер, вкупната вредност на договорот без данокот на додадена вредност (ДДВ) изнесува 1.347.458,00 денари, а вкупната вредност на ДДВ-то изнесува 242.542,00 денари, со што вкупната вредност на склучениот договор со вклучен ДДВ изнесува 1.590.000,44 денари.

Договорот бил склучен на 27-ми мај годинава, еден месец по распишувањето на огласот на Бирото за јавни набавки за набавка на патничко моторно возило.

Најниската добиена понуда на огласот била на фирмата донатор на СДСМ, Друштво за производство, трговија и услуги ДЕЛУКС-АУТО ДООЕЛ увоз-извоз Кумановово во износ од 1.347.458,00 денари, а највисоката добиена понуда била 1.900.000,00 денари.

 

„Делукс ауто“, фирма којашто е позната како донатор на СДСМ од Куманово доби низа милионски тендери, како тендерот за набавка на „шкодите“ за Минитерството за внатрешни работи, тендери од општините кои се под власт на СДСМ.

Ланскиот септември, пак,  Делукс ауто Куманово склучила договор со Државниот инспекторат за животна средина, за набавка на теренско возило во вредност од 23.000 евра и во овој случај понудата на кумновската фирма била единствена.

Како редовен добитник на тендерите од државните институции, „Делуск ауто“, оваа година освен тендерот за најбавка на возилото на Пендаровски, го добила и тендерот за набавка на возило за Уставниот суд, во 2019 година за скопскиот Основен кривичен суд.

Исто такам во 2018 година како единствен понудувач го доби тендерот за набавка на автомобил за Основно суд во Тетово, односно продала возило во вредност од 19.000 евра.

Сите документи за склучените договори се објавени на Бирото за јавни набавки. Дури и самото Биро за јавни набавки набавило од „Делукс ауто“ Куманово, луксузен автомобил, во вредност од 32.000 евра, исто така, како единствен понудувач.

Според јавно достапните информации, „Делукс ауто“ Куманово склучила договори и со други институции, како Централниот регистар, Македонски енергетски ресурси, Министерството за одбрана како и Јавното претпријатие „Водоснабдување“ Кичево.