Намибиските племенски главатари одбија 1,1 милијарда евра германски репарации

Водачите на етничките групи Хереро и Нама го одбија договорот кој го предложи Германија признавајќи дека злосторствата на германските колонијалисти пред повеќе од стотина години во денешна Намибија биле геноцид.

Советот на племенските главатари бараат да се одложи планираното потпишување на договорот меѓу двете држави.

Германската влада ѝ понуди на Намибија 1,1 милијарда евра кои ќе бидат исплаќани во рок од 30 години, а советот кој го признава намибиската влада тоа соопштенија го оцени како „неприфатливо“ и „навреда за нивното постоење“.

„Навредливата сума“ е отфрлена, но советот го поздрави тоа што германската влада го признала геноцидот, ја преземала одговорноста за злосторствата и најави дека ќе побара проштевање.

Племенските водачи бараат повторни преговори за репарацијата, Друга организација којашто ги обединува припадниците на групацијата Хереро веќе го прогласија германскиот предлог за „измама и пропаганда“.

Германската и владата на Намибија го постигнаа договорот минатата седмица, по речиси шест седмици интензивни преговори. Етничките групи се жалат дека не учествувале во преговорите и дека оттаму не можеле навреме да се консултираат со своите припадници.

Владата во Берлин повторува дека не постои правно обврзувачка репарација, туку оваа 1,1 милијарда евра отштета ја сметаат за политичка и морална должност.

Германските војници во периодот од 1904 до 1908 година убиле околу 65.000 припадните на етничката група Хереро и 10.000 припадници на Нама, а историчарите и Обединетите нации тоа долго го нарекуваат првиот геноцид во XX век.

Меѓутоа, според историографијата повече десетици илјади претставници на двете етнички групи биле жртви на германската колонизација во периодот 1884/1915 година, како резултат не само на вооружени дејствија, туку и на лишување од храна и вода, како и во концетрациони логори.

Во 2011 година Германија на Намибија и врати черепи на борци од народот хереро. Тие пред еден век биле земени во Берлин за истражувања, кои тогаш сакале да докажат супериорност на белата раса над црната.

Геноцидот Германија официјално го призна во јули 2015 година, а масакрот е квалификуван како геноцид и во извештајот на Обединетите народи од 1985 година.