Музичарот Алекс Албрехт објави снимка од ајкулата на Тик Ток, а видеото за неколку дена собра 49 милиони прегледи.
Снимката е направена во Атлантскиот океан, недалеку од брегот на Ирска. Поради својата големина, ајкулата личела на мегалодон, праисториски вид ајкула што изумреле пред 23 милиони години, а може да порасне до големина од 18 метри.
Но, многумина во овој импресивен примерок ја препознале џиновската ајкула, која е после китот, втор по големина вид морско животно. Иако можат да пораснат и до 12 метри и да изгледаат застрашувачки, овие животни се хранат со планктон, не се агресивни и се безопасни за луѓето.