![Back Camera](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/06/promenlivo-oblacno-2.jpg?resize=696%2C520&ssl=1)
Времето во Македонија во вторникот ќе биде променливо облачно и свежо со локални врнежи од дожд и ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а температурата ќе биде под просекот за овој период од годината.
Минималната утринска температура е во интервалот од 5 до 12, а максималната дневна ќе се движи од 15 до 24 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денаска ќе биде променливо облачно, со попладневен повремен пороен дожд. Минималната температура е околу 9, а максималната ќе достигне до 20 Целзиусови степени.
Стабилизирање на времето со пораст на температурата на воздухот следува од среда.