![kovid-pasos](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/kovid-pasos.png?resize=696%2C362&ssl=1)
Седум земји-членки на Европска Унија од денеска воведуваат систем на сертификат за ковид-19 за патувања, а во цела ЕУ во сила ќе стапат од 1 јули.
Како што соопшти Европска комисија од денеска ковид пасош воведуваат Грција, Бугарија, Германија, Данска, Полска, Хрватска и Чешка, со што ќе биде олеснето патувањето.
Сертификатите ќе бидат достапни за луѓето кои примиле две дози вакцина, имаат негативен тест или прележале ковид-19.
Условите ќе варираат бидејќи одлуките се нодат на национално, а не на ниво на ЕУ.